Home Актуелно Украински територии нападнати од руските сили со помош на ирански дронови

Украински територии нападнати од руските сили со помош на ирански дронови

Русија во текот на ноќта нападна украински територии со проектили и ирански беспилотни летала ,,камикази“.

Најмалку седум лица загинаа, а осум се повредени по руски напад на преполн пазар во градот Авдиивка, во украинската област Доњецк, а утринава руски проектили го погодија и градот Миколаев.

„Погодена е петкатна станбена зграда, двата горни ката се целосно уништени, останатите се под урнатини. Спасувачите работат на местото“, рече градоначалникот на Миколаев, Олександар Сенкевич во објавата на социјалните мрежи, додавајќи дека јужниот град на Украина е „масовно гранатиран“.

Русија, исто такa гаѓаше населба во регионот на главниот град на Украина, Киев, користејќи експлозивни дронови .

Олексиј Кулеба, гувернер на регионот Киев, рече дека прелиминарните информации укажуваат на тоа дека нападите биле извршени со муниција од иранско производство.

Исто така критичните инфраструктурни објекти биле погодени од беспилотните летала.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…