Украинската полиција претепа екстремисти кои се обидоа да спречат геј парада


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За време на одржувањето на денешната Парада на гордоста во главниот град на Украина, Киев, украинската полиција уапси 56 екстремисти поради предизвикување немири пред почетокот на парадата.

На годинешниот собир на неколку илјади луѓе во знак на поддршка на борбата за правата на геј, лезбијските, бисексуалните и трансродовите лица освен тоа приведување немаше сериозни инциденти.

Рано утринава над 150 екстремно десничарски демонстранти се обиделе да ѝ го блокираат патот на поворката низ центарот на Киев. Помали пресметки избиле кога полицијата се обидела да ја расчисти улицата.

„Приведени се неколку мажи кои пружија отпор и против полицајците употребија канистри со бензин“, соопшти полицијата.

Екстремно десната група Ц14 објави дека полицијата ги опкружила нивните демонстранти, ги нападнала со палки и солзавец. „Погледнете како ги штитат „сексуалните малцинства“ и ги кршат правата на обичните граѓани на Киев“, напишаа на својата фејсбук страница.