Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На Русија ѝ останаа само седум брода во Црно Море, тврди украинската оперативна команда Југ, формација на украински копнени сили која дејствува во јужниот дел на земјата. Во објава на социјалната платформа Фејсбук напишаа дека една од причините за намалувањето на руската флота е и лошото време.
„Додека лошото време засилува во Црно Море, непријателската флота е намалена на седум пловила, вклучувајќи еден носач на подморски проектили“, објави оперативната команда Југ во својата дневна проценка на војната.
Западните медиуми не можеле независно да ги потврдат овие бројки, но познато е дека руската црноморска флота претрпе значителни загуби од почетокот на војната. Еден од најголемите удари за руската морнарица беше потонувањето на главниот крстосувач Москва.
Москва потона неколку часа откако на неа одекнаа неколку експлозии. Иако Русија изјави дека експлозиите не се поврзани со напади, туку со детонација на муниција, Киев ја презема одговорноста тврдејќи дека ја гаѓале со проектили и нанеле голема штета. Советникот на украинскиот претседател Олексиј Арестович на Твитер објави снимка за која тврдеше дека е направена за време на нападот.
Најмалку четири други брода на руската Црноморска флота се уништени, а украинските сили на крајот на октомври го нападнаа и најновиот, Адмирал Макаров. Британското министерство за одбрана во август процени дека Русија „има тешкотии со контролата на морето“. „Во моментов ограничената ефикасност на Црноморската флота ја поткопува целосната стратегија на инвазијата“, оцени тогаш британското министерство.
Русија ги обвини Украина и Британија за минатомесечниот напад на Севастопол, градот во кој е стационирана Црноморската флота. Руското министерство за одбрана соопшти дека девет беспилотни летала и седум поморски дронови извршиле терористички напад на бродови на Црноморската флота и цивилни бродови кои се наоѓале во пристаништето во Севастопол.