Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претеседателот на Украина, Петро Порошенко, денес прогласи воена состојба во земјата со издавање на извршна наредба Националниот совет за безбедност и одбрана (НСДЦ) да донесе одлука „за вонредни мерки за обезбедување на државниот суверенитет и независност на Украина и прогласување воена состојба во Украина“.
Мерката се очекува да трае наредните 60 дена, односно до 26 јануари 2019.
Прогласувањето воена состојба може да доведе до масовна и задолжителна воена служба, рестрикции во медиумите и јавни демонстрации и суспендирање на изборите, меѓу другите мерки.
Порошенко вчера рече дека оваа одлука не предвидува итна мобилизација, но првите резервисти на украинската армија треба да бидат подготвени, како и дека нема да има ограничувања на правата и слободите на граѓаните ако се воведе воена состојба.
Во меѓувреме, и НАТО закажа вонреден состанок поради инцидентот.