Home Актуелно Украина распиша потерница по Рамзан Кадиров – еве што им порача тој

Украина распиша потерница по Рамзан Кадиров – еве што им порача тој

Безбедносната служба на Украина го стави лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров на потерница, објавено е на сајтот на украинското министерство за внатрешни работи.

Кадиров е означен како „поединец кој се крие од истражните тела“, а на потерницата има и негова фотографија, пренесува ТАСС.

Службата за безбедност на Украина соопшти дека распишала потерница по Кадиров, кој е обвинет за „агресивно водење војна“ и „спроведување дејства кои имаат за цел да ги променат границите на украинската територија“.

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров му порача синоќа на Киев дека нема потреба да го става на потерница и да го бара, истакнувајќи дека самиот ќе дојде. „Господа од СБУ, одредете место и време, јас ќе дојдам. Ќе дојдам по вас и ќе ве казнам за сите ваши злосторства“, порача Кадиров преку снимка на Телеграм.

Тој додаде дека веќе неколку пати бил во Украина.

За дејствата за кои е обвинет Кадиров е предвидена казна затвор од 10 до 15 години, пренесува РИА Новости.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…