Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Андриј Сибиха, искусен украински дипломат и заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека Украина е подготвена да влезе во дипломатски разговори со Русија за иднината на окупираниот полуостров Крим – под еден важен услов.
„Доколку успееме да ги постигнеме нашите цели на фронтот, односно кога ќе бидеме на административната граница со Крим, подготвени сме да отвориме дипломатски преговори на таа тема. Тоа не значи дека исклучуваме воено ослободување на Крим“, изјави Сибиха во интервју за Фајненшл тајмс.
ФТ истакнува дека изјавите на Сибиха би можеле да ја намалат загриженоста на западните лидери, кои се скептични кон способноста и капацитетот на украинската армија воено да го ослободи Крим, но и загрижени поради можноста рускиот претседател Владимир Путин поради таквиот обид да ја ескалира војната, можеби дури и со тактичко нуклеарно оружје.
Досега, потсетува ФТ, украинскиот претседател категорично ја отфрлаше можноста за какви било преговори со Москва додека сите руски сили не ја напуштат Украина, вклучувајќи го и Крим.
Според ФТ, неговиот советник Сибиха е искусен дипломат фокусиран на политиката и бил покрај Зеленски во клучните моменти од војната. Сибиха наведува дека Зеленски разговара за Крим со своите соработници во време кога украинската армија е сѐ поблиску до почнување контраофанзива заради ослободување на окупираните територии.