Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Украина во Турција, Васил Боднар, денеска, во Амбасадата на Украина во Анкара изјави дека Украина упати официјално барање до Турција да ги затвори теснецот Босфор и Дарданелите за руските воени бродови, јави украинската агенција Укринформ.
„Сега е најважно да се поддржи Украина. Го повикувам турскиот народ и турските власти да и помогнат на Украина. Повикуваме да се затвори воздушниот простор, да се затвори преминот преку Босфор и Дарданелите за руските воени бродови. Официјално барање е испратено до турската страна“, рече Боднар.
Украинскиот амбасадор повика и на санкции против Русија и нејзините средства во Турција, како и да се спречи Русија да заработува пари за војната.
„Воената поддршка за одбранбено оружје, финансиската и хуманитарна поддршка ни се важни. Повикувам да им помогнеме на оние украински граѓани кои моментално се на територијата на Турција и имаат потреба од дополнителна помош и заштита“, рече Боднар.