Украина објави фотографии од заробени руски војници


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерство за одбрана на Украина на Твитер објави фотографии од првите заробени руски војници на украинска територија.

„Војниците на 93-та механизирана бригада заробија двајца руски окупатори. Tие беа од 423-от моторизиран пешадиски полк Јампол, воена единица 91701“, се вели во објавата покрај фотографиите.

Информирајќи за ситуацијата во земјата, Министерството објави дека од 15:00 часот по локално време продолжуваат борбите по целата линија на контакт, дека нема пробив на руските сили, но се водат жестоки борби.

„Руските окупаторски сили се обидоа да ја пробијат одбраната со употреба на 16 тенка. Нашата војска користеше ракети и уништени 3 непријателски тенка“,

се вели во информацијата од украинското МО.
Исто така, се наведува дека четири балистички ракети биле истрелани од територијата на Белорусија во југозападен правец.