Украина им порача на Русите: Можете да учествувате на Евросонг ако го смените претставникот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гостувајќи на украинско радио, потпретседателот на Владата на Украина, Вјачеслав Кириленко, изјави дека Русија уште има шанса да учествува на евровизискиот музички натпревар кој ќе се одржи во Украина во 2017 година. Сè што треба да направи е да избере друг претставник која нема проблеми со украинските закони.

Кириленко изјави дека Украина е спремна да ги прифати сите 43 земји учеснички на годинешното издание на Евровизија, вклучително и Русија.

„И Русија може да најде излез од оваа ситуација ако предложат претсавничка или претставник кој нема да има проблеми со украинските закони. Во тој случај сè ќе биде доста брзо решено“, објасни Кириленко.

Тој ја обвини Русија за провокација. „Ситуацијата со Евровизија е само алка во големиот ланец на провокации и потези кои имаат за цел влошување на ситуацијата во Украина“, вели тој.