Украдена бистата на Кузман Јосифовски-Питу


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Непознат сторител ја украл бистата на Кузман Јосифовски-Питу, во дворот на истоименото училиште на улицата „Антон Попов“.

„На 02.05.2018 година во Секторот за внатрешни работи било пријавено дека во периодот од 30.04.2018 до 02.05.2018 година на улицата „Антон Попов“, во дворот на Основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“, непознат сторител извршил кражба на бистата на Кузман Јосифовски-Питу, висока околу 80 сантиметри“, соопшти МВР, информира „Макфакс“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.