Home Актуелно Укинат нормираниот учинкот од Законот за минимална плата

Укинат нормираниот учинкот од Законот за минимална плата

Уставниот суд ги укина член 2 став 1 во делот: „и исполнет нормиран учинок“ и ставовите 2, 3 и 4 и член 7-б ставови 1 и 3 од Законот за минимална плата во Република Македонија.

„Прашањето за утврдување на нормиран учинок е битно прашање во процесот на работење и секако значајно за производните и други дејности во работењето, но во отсуство на законско дефинирање на висината на минималната, основна плата на работникот, тогаш плата формирана на основа на исполнување на нормиран учинок утврден од работодавачот, според Судот нема статус на законски утврдена минимална основна плата на работникот што е определено како предмет на уредување на овој посебен закон“, посочуваат од Уставниот суд, од каде што истакнуваат дека одредбите на нормираниот учинок се во спротивност со владеењето на правото и со начелото на правната сигурност.

Од Левица нагласуваат дека одуката на Уставниот суд е значајна победа за дел од работниците во Република Македонија, додека пак од ССМ истакнуваат дека со одлуката ќе се овозможи правна сигурност во примената на Законот за минимална плата и исплата на минималната плата за сите работници во РМ.

Извор: Академик

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…