Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од основачите на „BioNTech“, Угур Шахин, во интервју за „Wall Street Journal“ апелираше дека светот не треба да паничи поради Омикрон сојот на коронавирусот.
„Нашата порака е: не паничете, планот останува ист. Забрзајте ја примената на третата доза“, вели Сахин.
Да потсетиме, тим на истражувачи од „BioNTech“ во соработка со „Pfizer“ во јануари 2020 година разви mRNA вакцина против коронавирус.
Шахин напомена и дека иако Омикрон веројатно ќе може да ги избегне антителата подобро од Делта, поради поголемиот број мутации во новата варијанта, малку е веројатно дека Омикрон ќе може да го заобиколи имунолошкиот одговор на Т-клетките на телото на инфекција.
Тој вели дека развојот на вакцина приспособена на Омикрон ќе трае 100 дена, но дека тоа можеби нема да биде неопходно.
„Треба само да се држиме до веќе зацртаниот план за вакцинација со третата доза и малку да го забрзаме. Дали ќе ни треба дополнителна заштита со приспособена вакцина останува да видиме“, вели Сахин.
Да потсетиме, Светската здравствена организација (СЗО) во петокот го даде името на новиот вид.
Омикрон првпат беше забележан во Јужна Африка и Боцвана, а набргу потоа во Хонг Конг, Зимбабве, Намибија, Израел и Белгија.
Земјите-членки на ЕУ во петокот се согласија привремено да го прекинат патувањето од Јужна Африка во ЕУ по откривањето на нова варијанта на коронавирусот. Други земји ширум светот исто така го ограничија патувањето од Јужна Африка.