Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Основачот и прв човек на германската компанија Бионтек, Угур Шахин, апелира дека бустер дозата одлично ги штити вакцинираните од заболување, но помага и да се прекинат идните синџири на инфекција.
Шефот и основач на германската компанија Бионтек смета дека во иднина ќе биде доволна годишна ревакцинација против коронавирусот.
Тој за германски Билд изјави дека сегашната бустер доза ја зголемува заштитата, која со тек на време се намалува.
Шахин рече дека очекува заштитата да трае подолго отколку што беше случајот со двете дози.
– Следната ревакцинација потоа може да биде потребна само еднаш годишно, како вакцина против грип, објасни тој.
Шахин рече дека заштитата од вакцини почнува да опаѓа од четвртиот месец.
Сепак, студии објавени неодамна покажаа дека заштитата од тешка форма на болеста е висока и до деветтиот месец.
– Засилувачката доза многу добро ги штити вакцинираните од болеста, но исто така помага да се прекинат идните синџири на инфекција, рече тој.
Тој истакна дека тоа може да помогне во справувањето со пандемијата во текот на претстојната тешка зима.