Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако од денес на сила стапи укинувањето на полицискиот час – одредба која траеше 65 дена, од утре со работа почнуваат угостителските објекти кои имаат летни тeраси.
Работното време ќе биде до 20 часот. Притоа ќе мора да се почитуваат препораките за дистанца и за носење заштитна опрема. Како што информираше на прес конференција, министерот за економија Крешник Бектеши, според протоколот на Комисијата за заразни болести, кој предвидува три фази при отворањето на угостителските објекти, оваа вчерашна одлука на Владата значи реализација на втората фаза, пренесува Мета.
„Ќе ја следиме ситуацијата и ако се почитуваат протоколите, ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворениот простор во објектите. Според протоколите на Комисијата, на една маса најмногу ќе можат да седат четири лица, а ќе нема никакво ограничување дека тие треба да се членови од исто семејство“, рече Бектеши.
Тој соопшти дека најдоцна до овој петок, пред завршување на вонредната состојба в сабота, ќе бидат донесени сите уредби од третиот пакет антикризни мерки. Во текот на денов или најдоцна утре, ќе се донесе и уредбата за платежните картички, а се подготвува и уредбата за издавањето на ваучерите, која до крајот на неделата, најдоцна во почеток на наредната недела, ќе биде предложена до Владата.
„Подготвени сме да ги донесеме уредбите пред завршување на вонредната состојба, имајќи предвид дека институциите беа експедитивни“, рече Бектеши.