Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На денес одржаната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче, најави дека ќе препорачаат олабавување на мерките, а од следната недела да се дозволи работа на угостителските објекти.
Ова се должи на намалување на бројките на новодијагностицирани, намален број на починати лица од корона вирусот, но и на намалување на заразноста на вирусот, што во Македонија е под 1, или како што појасни Филипче, еден заразен пациент заразува помалку од еден нов.
Овие предлози треба да се разгледаат на Кризниот штаб, а потоа Владата според насоките на епидемиолозите да донесе одлука за попуштање на рестриктивните мерки.
Филипче не конкретизира на кои работни часови се однесува, но вели дека за сега ќе се однесува на веќе дозволеното време за излегување. Со оглед на тоа што ќе се дозволи отворање на повеќе бизниси, на седница на Влада ќе се разговара и за намалување на полицискиот час, а потоа би се дефинирало до кога ќе може да работат угостителските објекти.
Апелира да се почитуваат пропишаните мерки за дистанца, носење маски и ракавици секаде каде што е потребно.