Угостителскиот сектор утре излегува на протест пред Министерството за финансии


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со почеток во 12 часот, угостителите поддржани од туристичките работниците утре излегуваат на масовен протест пред зградата на Министерството за финансии. Протестот ќе биде поддржан со присуство и од останати сектори кои се сериозно финансиски погодени од оваа здравствено-економска криза. Сите со барања до властите за парична помош којa ќе им покрие дел од загубите. Ситуацијата со бројот на новозаразени никако да стивне, и тоа дополнително ја проблематизира работата.

Од Угостителската комора при Сојузот на стопански комори за Денар велат дека утре ќе протестираат сè до прифаќање на барањата за помош на секторот угостителство. Угостителите бараат неповратана помош за сите во секторот. Сметаат дека досегашната помош од државата сред пандемија не е доволна, и треба да се помогне на секој на кого му е потребно. Мартин Ангеловски, Претседател на Комората на угостители, вели дека не постои континуитет на економските мерки со цел задржување на работните места и опстојување на деловните субјекти. Загрижува фактот што повеќе ниту основната државна помош не е доволна за да можат да преживеат луѓето вработени во овој сектор. На добар дел од нив им се заканува губење на домовите и останатиот имот од страна на банките и извршителите, тврди Ангеловски.

„Еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година. Еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помош. Утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, се додека не дозволи Владата да работиме без рестрикции за нашиот сектор“, вели Мартин Ангеловски, Претседател на Комората на угостители.

Рамо до рамо на протестот ќе бидат и нивните колеги од категоризараните објекти за организирање на свадбени и останати семејни прослави. Тие веќе самостојно организираа неколку протести бидејќи државата не им дозволува да работат како останатите угостителски објекти бидејќи не се дозволени никаков тип на забави од отворен или затворен тип.

И преставниците на игротеките ќе бидат дел од утрешниот протест пред Министерството за финансии. Тие се свесни колку е опасна оваа зараза. И без разлика што на детските родендени местото им е во игротеките, на толку висока бројка со заразени е нормално што никој не слави роденден во игротека. Затоа игротеките вели дека бараат финансиска поддршка се додека не се создадат услови за работа. Во спротивно оваа дејност со сигурност ќе ја снема.

А солидарност на протестот ќе изразат и од туристичкиот сектор, односно претставниците на туристичките агенции. Тие веќе испратија и нови барања до Владата. Стравуваат за иднината на своите бизниси. Без итна финансиска помош ќе бидат принудени да стават клуч на врата, како што тоа веќе го сториле дел од нивните колеги во овој сектор. Падот на прометот кај сите туристички агенции надминува дури 80 отсто, тврдат туристичките работници.

Информациите пак кои доаѓаат од Илинденска број два се дека токму во вторник во идентично време кога ќе се одржува протестот во 12 часот владините министри на седница ќе подготвуваат нов, шести пакет, економски антикризни мерки. Оваа најава многу не ги охрабрува во угостителско – туристичкиот сектор судејќи по тоа колку се испроблематизира носењето на петтиот пакет на финансиска помош за компаниите и вработените. Допрва следува реализацијата на мерката, а повеќе од 170 илјади лица чекаат минимални плати за февруари и март.

Инаку, угостителскиот сектор преживеа неколку кратно кратење на работното време, но на сила имаше и затворање на локалите на одредено време.

Извор: Денар