Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Уште не е дефинирано кога повторно ќе почнат со работа рестораните и кафулињата. Министерот за економија вели дека ги гледааат лошите бројки во секторот и најавува дека наскоро ќе излезат со план за отворање на секторот кој е целосно затворен повеќе од месец и половина, а кој се подготвува заедно со Министерството за здравство и комисијата за заразни болести.
Според, хотелиерите и угостителите во момент кога се прават планови, а не се знае конкретно кога ќе почнат со работа, тие мора да бидат вклучени во процесот.
Угостителско туристичкиот сектор е еден најпогодените од здравствената криза. Претпоставките беа и дека најголем дел од отпуштањата ќе се случат токму таму, но на терен состојбата не е таква.
За спас на туристичкиот сектор државата годинава ќе спроведува кампања ,,Дома си е дома” со цел да ги убеди македонските граѓани, одморот наместо во странство да го поминат во земјава.