Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фаворизираниот Тони Ферусон мораше да признае пораз од Џајстин Гејчи во борбата која завшри со технички нокаут во последната рунда.
Гејчи го украде шоуто, доминираше во текот на целиот меч а победи со технички нокаут во финишот од последната рунда и стана привремен шампион во лесна категорија.
Тони Фергусон се подготвуваше за Кабиб Нурмагомедов, но поради коронавирусот таа борба беше откажана, па Џастин Гејчи му беше доделен за нов противник на УФЦ 249 настанот.
Гејчи уште од почетокот на борбата доминираше над Фергусон кој до оваа пресметка имаше серија од 13 победи по ред, е борбата заврши во 5-та рунда со технички нокаут.
We have NEVER seen anyone beat the hell out of Tony Ferguson like that. #AndNew. Justin Gaethje just put on a CLINIC. #UFC249 pic.twitter.com/NCzsgqJkB8
— Pat Egan (@Pat_Egan) May 10, 2020
По мечот Гејчи го фрли појасот кој му беше доделен за привремен шампион и побара борба со Кабиб Нурмагомедов велејќи дека го сака вистинскиот шампионски појас.
"I'll wait for the real one."@Justin_Gaethje doesn't have the belt he wants just yet #UFC249 pic.twitter.com/K6K38J13Zr
— ESPN MMA (@espnmma) May 10, 2020