Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
До Основно јавно обвинителство Скопје, од страна на Управата за финансиска полиција е поднесена кривична пријава против поранешниот министер за здравство Никола Тодоров со која истиот се товари за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Кривична пријава, како што соопштуваат од Финансовата полиција, е поднесена и против П.В., раководител на Единицата за имплементација на Проектот за реконструкција и доградба на објекти на јавните здравствени установи во РМ при Министерството за здравство.
Пријавата се однесува на договори склучени од страна на Министерството за здравство, во текот на 2010 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка, склучило договор за изведување градежни и градежно – занаетчиски работи за ЈЗУ Општа болница – Куманово, ЈЗУ Општа болница – Кочани и ЈЗУ Општа болница – Крива Паланка, со изведувачот Конструктор Инженеринг Ад Сплит.
– Првопријавениот Т.Н. како министер за здравство и второпријавениот П.В. како одговорно лице на проектот имале обврска да ги почитуваат законските прописи и процедури, согласно склучениот договор имале обврска да ја следат реализацијата на проектот, да постапуваат согласно правата и обврските во договорот, да ги почитуваат условите и роковите наведени во договорот, како и да го следат текот на изведбата како и сите настанати проблеми при изведбата на градежно – занаетчиските работи на објектите, а притоа да ги почитуваат позитивните законски прописи и да се грижат за имотот и Буџетот на Министерството за здравство на Р.Македонија, појаснуваат од Финансовата полиција.
Пријавените, како што се наведува, и покрај тоа што биле запознаени и свесни за ненавременото и неквалитетно извршување на работите од страна на изведувачот Конструктор Инженеринг АД Сплит, во текот на 2011 година, не преземале активности за активирање и наплата, како и не побарале продолжување на рокот на важност на банкарската гаранција во износ од 3.813.000,00 денари за навремено и квалитетно извршување на работите пред истекот на нејзината важност, спротивно на Законот за јавни набавки и договорот со изведувачот Конструктор Инженеринг Ад Сплит.
Поради неисполнување на обврските од договорот, прекршување на рокот за изведување на работите, како и поради неквалитетно извршување на веќе изведените работи, во 2012 година, Министерството за здравство го раскинало договорот со изведувачот Конструктор Инженеринг Ад Сплит. За довршувањето на работите за реконструкција на Општа болница – Крива Паланка, биле спроведени нови постапки по јавни набавки и биле склучени договори со други изведувачи.
Според Финансовата полиција, со пропуштање на активирање на банкарската гаранција и други службени дејствија, пријавените Т.Н. и П.В. несовесно постапиле во извршувањето на своите овластувања и должности, со што го оштетиле Буџетот на Министерството за здравство односно Буџетот на Р.Македонија за вкупен износ од 3.813.000 денари и на ваков начин го сториле кривичното дело „Несовесно работење во службата“ од член 353-в од КЗ на Р.Македонија