Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако висината на оштетата при трансферите на фудбалерите ја надмина сумата од сто милиони евра, а богатите клубови имаат безброј играчи под договори кои ги испраќаат на позајмица, УЕФА е свесна дека финансискиот фер-плеј повеќе не е доволен за да се спречи тотален хаос на фудбалскиот пазар…
Трансферите кои сме сведоци во последниве неколку дена ја надминаа лудата граница, а оштетите кои овие денови се договараат за Нејмар и Мбапе пред дваесет години беа доволни за купување на сите играчи во Примера, Серија А и Премиер лигата.
Сумите кои денеска ги нудат богатите клубови доведоа до тоа дека се помалку ги има оние кои можат да се справат со нив и да се борат за европските и националните трофеи, и во УЕФА се свесни дека нешто е потребно да се промени за да се зачува интересот и неизвесноста на најпопуларниот спорт.
На УЕФА не само што и сметаат огромните пари кои се трошат на платите на играчите и на оштетите, туку и големиот број на фудбалери кои располагаат на богатите клубови и потоа нивното испраѓање на позајмица кое веќе никој не може да го достигне.
Финансискиот фер-плеј кој бара од клубовите во рок од три години да имаат најмногу 30 милиони евра минус, а во случај на кршење може да дојде до различни парични казни, ограничувања, па дури и дисквалификација на сторителот, сепак не се покажа како ефикасно.
Врз основа на последните настапи на претседателот Цеферин може да се заклучи дека УЕФА подготвува да влезе во војна со богатите и нивното дивеење на фудбалскиот пазар, а овие три мерки би можеле да се користат:
1 Данок на луксуз
Мерка според која секој трансфер над одредена сума ќе мора додатно да и се плаќа данок на УЕФА кој би можел да изнесува од 10% па до 100%. Во вториот случај за трансфер од 100 милиони евра клубот ќе мора да плати уште толку „данок на луксуз“ па трансферот ќе го чини 200 милиони. Истото може да се примени и кај превисоките плати на играчите.
2. Селари Кап
Оваа мерка која веќе ја има во американските спортови е голема желба на челниците на УЕФА – да се ограничи буџетот кој клубовите ќе можат да го трошат на платите за фудбалери, што би го изедначило односот на силите во Европа. Има повеќе начини како да се изведе тоа, од лимит на еден играч до лимит за целиот тим.
3. Ограничување на пазарот
Тука има доста мерки како да се ограничат купувањето и позајмиците, од забрана за позајмување на играчи постари од 23 години, до лимитиран број на играчи кои клубот може да ги донесе во одреден преоден рок. Целта е да се спречи моќните клубови да имаат по 50 или повеќе фудбалери на платен список и да ги испраќаат по позајмици. УЕФА ја чека мног тешка борба, прашање е дали може да се избори за правни ограничувања на пазарот, но нешто секако мора да се промени…