Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Англискиот шампион во Манчестер Сити се соочува со исклучително тешки казни, па може да се случи да биде исфрлен од Лигата на шампиони, пренесува германски „Шпигел“.
Германскиот весник, еден од главните кои извадија документи од платформата Football Leaks, уште еднаш ги открива проблемите со финансирањето на „граѓаните“. Клубот е финансиран преку поврзани компании на Кајманските Острови и отворено ги прикрива прекршувањата на финансискиот фер-плеј, откриваат документите објавени во ноември минатата година.
Der Spiegel released emails between Man City management (Soriano is MC CEO, Pearce is a board member) & what looks like a request for 1 cash lump sum from the Sheikh split up between different companies (which are also state owned!) to show auditors they are “partnership income” pic.twitter.com/eeTZVxZVUh
— Moby (@Mobyhaque1) March 3, 2019
Манчестер Сити веќе претрпе една санкција поврзана со финансиските регулативи на УЕФА во 2015-та, кога клубот сепак успеа да постигне договор. Дел од финансискиот фер-плеј ги ограничува можностите на сопствениците на клубови да инвестираат неограничени суми кои ги надминуваат повеќекратно приходите на тимот.
Истрагата против Манчестер Сити тече од минатата година, но за сериозноста на ситуацијата говори и изјавата на шефот на истражниот орган во УЕФА, Ив Летерм, кој рече на база на откритијата на „Шпигел“ дека „ова може да доведе до најтешката казна, имено исфрлање од турнирите на УЕФА“.
Manchester City Accused of Using Shadow Firms to Flout Rules – SPIEGEL ONLINE via /r/MCFC https://t.co/ShbGvZIMiR #ManCity
— MCFC on Reddit (@r_MCFC) March 1, 2019
Случувањата изгледа се уште не предизвикуваат паника во англискиот тим, кој отворено ги отфрли сите откритија.
„Одбиваме да коментираме било каков материјал кој е изваден од контекст. Желбата да биде нанесена штета на нашиот имиџ е јасна и отворена“, се вели во соопштението на „граѓаните“.
Во дел од документите сепак се гледа малку поинаква слика која гласи дека сопствениците на клубот бараат алтернативни начини за финансирање на својот проект.
„Клубот веќе бара начини и разгледува алтернативни варијанти за финансирање, при евентуална казна“, се вели во еден од документите што, според „Шпигел“, значи начини за финансирање преку фондови, чие финансирање не може да се следи.
Der Spiegel report that agent Emeka Obasi received the fee when 14-year-old Sancho moved from Watford to Man City https://t.co/FK481pN5wh
— The42.ie (@The42_ie) February 27, 2019
Во меѓувреме УЕФА го истражува Сити и под обвинение за незаконско привлекување на фудбалери под 18-годишна возраст, што пак може да доведе до забрана за трансфери за наредните два трансфер прозорци.
Поради сето ова за раководството и сопствениците на Манчестер Сити претстојат можеби најтешките недели откако се во клубот, додека станат јасни одлуките на Европската куќа на фудбалот по овие два исклучително тешки случаи.