Home Спорт УЕФА се заканува дека ќе го исфрли ПСЖ од Лига на шампиони

УЕФА се заканува дека ќе го исфрли ПСЖ од Лига на шампиони

Првиот човек на УЕФА нема ништо против ПСЖ да се исфрли од европските натпреварувања доколку се докаже дека ги прекршиле правилата на Финансискиот фер-плеј.

Претседателот на европската куќа на фудбалот (УЕФА) истакна дека не се плаши да го казни ПСЖ, но само доколку биде утврдено дека „парижаните“ го прекршиле Финансискиот фер-плеј.

Ова лето ПСЖ потроши 400 милиони евра за само двајца фудбалери, Нејмар и Мбапе. Меѓутоа, за да ја избегнат казната ПСЖ го доведе Мбапе на едногодишна позајмица, па следното лето ќе му плати на Монако 180 милиони евра.

Нејмар беше купен 222 милиони евра, но така што сумата на Барселона и ја плати катарската влада.

„Доколку се докажат неправилности, ќе мора да го исклучиме ПСЖ од сите натпреварувања кои се под капата на УЕФА. Не се плашиме да го казниме ПСЖ, ама баш никој не може да биде над законот“, изјави Чеферин.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…