Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Актуелниот македонски шампион, тимот на Шкендија е најдобро рангиран македоснки клуб на УЕФА ранкинг листата и се наоѓа на 161-то место.
Тетовчани го надминаа најтрофејниот македонски клуб Вардар и со коефициент 6.000 се на 161-то место во светот. „Црвено црните“ по лошото издание во квалификациите за ЛЕ паднаа на 193-то место.
Кога станува збор за другите македонски клубови Работнички е на 227 место, Шкупи (361), Пелистер (362), Силекс (363)…
Најдобро рангиран клуб е актелниот европски шампион Реал Мадрид, на второто место е Баерн Минхен пред Барселона. Потоа следуваат Атлетико Мадрид, Јувентус, Севиља, ПСЖ, Манчестер Сити, Арсенал и Шахтјор.