УЕФА потврди: Ако Барса стигне во финалето од ЛШ, Меси и Нејмар нема да играат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако Барса се пласира во годинешното финале во Лигата на шампионите во Кардиф, двете најголеми ѕвезди на тимот нема да може да настапат во финалето, потврди претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Овогодишното финале од најелитното клупско натпреварување ќе се одигра во Кардиф, а тоа претставува голем проблем за Барселона, бидејќи доколку стигне до истото нема да може да смета на најдобрите фудбалери Меси и Нејмар.

„Меси и Нејмар сè уште имаат судење за затајување на данок. Оваа сезона финалето се игра во Кардиф, а тие нема да можат да настапат. Политиката на Велика Британија со новите закони забранува влез во државата на личности кои имаат било каков спор или судење во државата во која работат. Ние како УЕФА ќе се обидеме овој закон да не ги опфати фудбалерите, но знаеме дека тоа ќе биде многу тешко“, изјави првиот човек на УЕФА.

Неодмана англиските власти не му дадоа виза на фудбалерот на ПСЖ, Серж Орие, за натпреаврот против Арсенал, бидејќи фудбалерот пред два месеци беше осуден за напад врз полицаец.

Сепак, на Барселона ќе и треба „чидо“ за да стигне до финалето во Кардиф, најпрво ќе треба да ја анулира високата негатива од првиот осминафинален дуел со ПСЖ.