Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалскиот сојуз на Црна Гора објави дека два натпревари од тековното првенство се „под истрага на УЕФА“.
Органите на Европската куќа на фудбалот се сомневаат во регуларноста на натпреварите Искра-Дечиќ 4:1 и Отрант Олимпик-Челик 6:1.
Како што наведува Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, комплетната документација која била добиена од УЕФА е испратена до надлежните државни органи, односно до Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство.
Ова се првите натпревари од тековната сезона кои УЕФА го означи како сомнителни.
Минатата сезона УЕФА се сомневаше во регуларноста на неколку натпревари одиграни во првенството на Црна Гора (Петровац-Рудар, Ловќен-Сутјеска, Рудар-Петровац, Јединство-Рудар, Грбаљ-Јединство, Ловќен-Зета), постапката и тогаш беше иста, документите биле проследени до надлежните органи, но како што пишуваат црногорсите медиуми, тие не презеле речиси ништо по ова прашање.