УЕФА отвори истрага против Роналдо!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес и официјално отвори истрага и ќе го разгледува гестото на Кристиано Роналдо за време на мечот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.

Португалецот при постигнувањето на третиот гол го имитираше гестот на Симеоне, се сврте кон трибините и покажа на меѓуножјето.

Дисциплинската комисија на УЕФА ќе го разгледува случајот и конечна одлука ќе донесе на 21-ви март, потврија денеска од европската фудбалска централа.

Тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне поради истиот гест избегна суспеција и помина само со парична казна од 20.000 евра.

Сепак, медиумите тврдат дека Роналдо сигурно ќе биде казнет, бидејќи гестот на Португалецот беше кон фановите на противникот, па останува да се види каква ќе биде казната, дали парична или ќе добие суспензија.

Доколку добие суспензија Роналдо може да го пропушти првиот четвртфинален натпревар против Ајакс во Лигата на шампиони.