Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Францускиот весник „Паризиен“ тврди дека Европската куќа на фудбалот има намера да ја ограничи разликата помеѓу продажбата и купувањето нови фудбалери за клубовите на 100 милиони евра, со што би се спречило неумерено трошење на пари за засилувања.
Станува збор за реформа на правилото за Финансиски фер-плеј, па напредната верзија ќе се нарекува „Фер-плеј 2.0“. Со тоа ќе се спречат „луди“ трансфери како минатото лето кога ПСЖ го купи Нејмар за 222 милиони евра.
Според новото правило, ПСЖ би можел да ги купи Мбапе и Нејмар за 420 милиони евра, но само под услов на продажба на играчи во истиот преоден рок да заработи 320 милиони евра. Ова ќе ги спречи богатите клубови да трошат „луди“ суми за фудбалери, нешто што актуелните правила на финансискиот фер-плеј не успеаа.
Другата намера на новото правило е секој тим да се ограничи на 25 професионални фудбалери. Тоа посебно ќе ги „погоди“ клубовите како Челзи и Манчестер Сити кој под договор имаат и по 60 фудбалери.
За овие нови правила ќе се расправа на наредниот состанок на извршниот комитет на УЕФА на 24-ти мај.