Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пари Сент Жермен може да остане без учество во Лигата на шампиони следната сезона, пренесуваат француските медиуми.
УЕФА во детали ја прегледува финансиската политика на „светците“ и има сериозни индиции дека ПСЖ го прекршува Финансискиот фер-плеј.
Минатото лето на „Паркот на принцовите“ пристигна Нејмар за кого парискиот клуб искешира 222 милиони евра.
Во исто време во Париз пристигна и Килијан Мбапе, кој според формулата на трансферот дојде како позајмен фудбалер со задолжителен откуп од 180 милиони евра.
Според правилата на УЕФА секој клуб кој се учествува во европските натпреварувања, не треба да има поголеми загуби од 30 милиони евра.
Поради тоа можни се санкции за ПСЖ, а не е исклучена и можноста клубот да биде исфрлен од Лигата на шампиони.