УЕФА ќе го исфрли Милан од европските натпреварувања


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес или утре се очекува конечната казна на УЕФА за „росонерите“, а италијанските медиуми тврдат дека Милан ќе биде исклучен од Лига Европа поради нарушување на Финансиски фер-плеј.

Според „Скај Спорт“, Европската фудбалска федерација го отфрли финансискиот план кој го претставиле директорите на Милан.

Покрај тоа, УЕФА има недоверба кон сопственикот на Милан, кој има сомнителна репутација во бизнис круговите.

Многу веројатно, Милан во случај на суспензија од европските купови, ќе поднесе тужба во Спортскиот арбитражен суд во Лозана.