УЕФА иронична: Се надеваме дека ФИФА ќе остави топката да биде округла!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека на фудбалот не му се потребни радикални промени, откако ФИФА излезе со неколку предлози, кои најголем број луѓе од фудбалската фела ги отфрлија.

Имено, Марко ван Бастен кој ја извршува функцијата технички директор во ФИФА предложи да се укине офсајдот, жолтите картони да бидат заменети со временска казна, и пеналот да се шутира „еден на еден“.

„Таква револуција во фудбалот не ни е потребна, тој е фантастичен таков каков што е. Офсајдот е важен дел од играта. Знаете не дојдов на оваа позиција за луѓето да речат: „Чеферин го смени тоа и тоа, беше многу важен фактор“. Зошто да ја менуваме најубавата игра во светот? Слушајќи ги сите тие предлози јас само се надевам дека ФИФА ќе ни ја остави барем топката. Или барем таа да остане округла“, изјави иронично првиот човек на УЕФА, Чеферин.