Нобел

UEFA и Electronic Arts најавија воведување на „Лига на шампиони“ за гејмери

Соработката меѓу UEFA и Electronic Arts ќе резултира со воведување на „електронска Лига на шампиони“ за гејмери кои ќе се надигруваат во култната игра FIFA 19.

На E-Champions League учество ќе можат да земат за играчите на Play Station конзолата, а наградниот фонд за првата сезона од оваа гејмерска лига ќе изнесува 280.000 евра.

Онлајн квалификациите ќе се одржат на почетокот на март, а 64 најдобри играчи ќе добијат можност во април да имаат место во големото финале што ќе се одржи на 31 мај во Мадрид, на ден пред финалниот натпревар на Лигата на шампионите.

Победникот ќе освои 100.000 евра и 850 бодови за FIFA Global Rankings.

Advertisements
To Top