УЕФА го претстави новиот проект – започнува Лигата на нациите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Европската фудбалска федерација(УЕФА) го претстави новото натпреварување на репрезентациите, Лига на нациите која стартува од 2018 година.

Во Лига на нациите ќе учествуваат 55 репрезентации распоредени во четири групи според квалитет, а секоја група ќе биде поделена на четири групи со по три или четири репрезентации.

Во најсилната категорија ќе бидат 12 репрезентации поделени во четири групи, а победниците од овие групи ќе изборат пласман на завршниот турнир на Лигата на нации во 2019 година.

УЕФА најави дека најдобриот од секоја категорија ќе се сели во повисок ранг, а најслабиот во понизок. Четири репрезентации од Лига на нациите ќе изборат пласман на Европското првенство 2020 година.

Со активирањето на Лига на нациите репрезентациите ќе имаат повеќе квалитетни и натпреварувачки мечеви, а за репрезентациите од најниската и средната категорија, ова натпреварување е идеална можност да се изборат за настап на Европското првенство.
Во плеј-офот за четири места што водат на ЕУРО 2020 ќе учествуваат 16 репрезентации, по четири од секое одделение, поточно победниците од четирите групи од секое ое четирите одделенија според квалитет.

Во случај за плеј-оф на Лигата на нациите да се квалификуваат репрезентациите кои веќе преку квалификациите избориле ЕП, тогаш таа ‘карта’ за плеј-оф се префрла на следната пласирана репрезентација. Виза за ЕП ќе добие по една репрезентација од секое одделение.

Мечевите од Лигата на нациите ќе се играат во септември, октомври и ноември 2018 година, кога се репрезентативните термини. Секоја репрезентација еден натпревар би играла во квалификациите за ЕП, додека втората во Лигата на нациите.