УЕФА демантира: Нема да има Регионална лига!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ги демантира медиумските пишувања дека европската куќа на фудбалот ќе учествува во формирањето на регионална лига на просторите на поранешна СФРЈ.

Изминатите медиуми медиумите на Балканот пишуваа за формирање на регионална лига, која финансиски би била поддржана од УЕФА, односно дека секоја екипа која ќе настапува во лигата ќе добие по 800.000 евра и дека ќе започне од 2018 година.

„Нема никаква вистина во тврдењата дека ткн. Балканска лига наскоро ќе биде формирана. Не е донесена никаква одлука од било кое релевантно тело на УЕФА за формирање на таква лига“, изјави Чеферин.

Тој дополни дека домашните првенства се темелите на европскиот фудбал, што е клучна работа во формирањето на било какво регионално натпреварување.

„Иако транснационални првенства беа спомнати неколку пати, никаков конкретен предлог не е доставен. Секоја идеа или предлог ќе се разгледува во УЕФА само доколку е поднесен од страна на националните сојузи“, порача Чеферин.