Удар за криптовалутите: По Фејсбук и Гугл – и Твитер со иста забрана


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако Фејсбук и Гугл најавија и спроведоа забрана за рекламирање на криптовалути, на нивниот потег се приклучи уште една социјална мрежа – популарниот Твитер.

Како што пренесува Скај, забраната најверојатно ќе стапи во сила во текот на следниве две недели.

Причината за забраната експертите ја гледаат во тоа што социјалните мрежи не сакаат да се изложуват на ризик себе и своите корисници.

Многу од ICO (initial coin offering) и продажба на токени имаат несигурна иднина, а финансиските регулатори ги сметаат како измами. Експертите бараат воведување на соодветни легислативи бидејќи пазарот воопшто не е регулиран. За тоа време големите компании велат дека почнале да ги штитат своите корисници се додека криптo пазарoт не стане подобро организиран.