УЧИТЕЛКА ОБВИНЕТА ЗА СЕКС СО УЧЕНИК: „Орално ме задоволуваше многу пати“

УЧИТЕЛКА ОБВИНЕТА

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Уште една омажена учителка обвинета е за полови односи со малолетен ученик, откако ученикот признал во полиција.

Саманта Чиота (32), овој понеделник беше обвинета во Боумонт, Калифорнија за полови односи со малолетен ученик на кого му предавала. Настаните се случиле во месец јуни, пишува Дејли Мејл.

Чести орални задоволувања

Средношколската наставничка била видена на Снепчет-видео, кое било објавено од тинејџерот. Таа на видеото била полугола и во друштво на двајца тинејџери. Во изјавата на ученикот стои дека„еб**о ништо да кажам“, но сепак на крајот проговорил за настаните. Наводно пред полицијата рекол дека „пробав да ја заштитам Чиота од неволји, одлучив повеќе да не лажам за неа“, стои во изјавите кои ги пренесува Дејли Мејл.

Ученикот признал дека имал најмалку пет пати полови односи со наставничката во текот на неколку месеци. Исто така тврди дека не може точно да се сети колку пати, затоа што секојпат бил пијан. Чиота е обвинета за еден орален и два полови односи.

Ја издаде Снепчет видеото

Полицијата започнала со истрага откако друг ученик го видел видеото на Снепчет, и на него ја забележал Чиота, која била оскудно облечена. А потоа тоа и го објаснал на повозрасна личност, која се јавила во Службата за заштита на деца.

Во судскиот документ се спомнува само еден малолетник, па така не се знае дали третата особа била возрасна или уште еден ученик.

Необична опседнатост со ученикот

Чиота е приведена, а полицијата и ја пребарала куќата. Таму пронашле искинато писмо до сопругот, во кое е детално опишана врската со ученикот. Истрагата покажала дека Чиота била заинтересирана за ученикот уште во 2015 година. Старателката која се грижи за ученикот изјавила дека неговата мајка е мртва, а татко му е во затвор.

Чиота испраќала мејл пораки до роднината на детето во кои велела дека неговото однесување се подобрува и слично. Но набрзо таа почнала да доаѓа кај нив дома со скапа облека и уреди за кои тврдела дека им ги купиле заедно со сопругот.

Сопругот на наставничката побарал развод и тој е единствен кој има право над нивните две деца. А Чиота која е на платен одмор, ќе се појави на суд на 27 декември.