Вебкафе

Учител од Гана нема компјутер, но пронајде начин за учениците да учат информатика!

Учителот од Гана кој ги учи своите ученици за компјутерска технологија, но без компјутер бидејчи го нема, стана хит на социјалните мрежи.

Учителот од Кумасија на таблата нацртал дијаграм од Ворд а фотографиите ги објави на Фејсбук.

„Учењето на компјутерска технологија во училиште во Гана може да биде многу смешно“ напиша тој на Фејсбук. Откако неговите фотографии почнаа да се делат на социјалните мрежи, Мајкрософт вети дека во училиштето ќе испрати компјутери.

Во својата објава на Фејсбук, Оура Куадо, односно вистинското име Ричард Акото напиша: „Ги сакам своите ученици и се ќе направам за да сфатат што зборувам“.

Многу на социјалните мрежи се восхитуваат на жртвувањето и упорноста на учителот.

Наскоро после објавата, луѓе од Мајкрософот го побараа учителот за да донираат ресурси за тој да немора да импровизира.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top