Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вработените во основното и средното образование го продолжуваат штрајкот за зголемување на платите, додека градинките од денеска пак ќе ги примаат децата од предучилишна возраст.
Синдикатот на образованието, науката и културата останува на своите барања за зголемување на платите од 18,4% и вчера не ја прифати понудата на владата за зголемување на платите за 125. Од вкупно 480 синдикални организации, 388 вчера се зијаснија за продолжување на штрајкот.
Во однос на градинките, Советот на СОНК одлучил штрајкот во градинките да биде во мирување.
Советот на СОНК вчера донесе одлука дека штрајкот продолжува се додека не се најде заедничко решение, информираше претседателот на СОНК, Јаким Неделков и најави дека во среда на 4-ти мај најавуваме ќе се одржи и голем протест пред Владата.
Неделков повтори дека пропуштената настава ќе се надополни. Штрајкот почна на 11 април.
Реагираше министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој вчера ги повика директорите на училиштата да ги отворат вратите на училиштата и да организираат настава согласно законите, велејќи дека имаат „надлежности и одговараат за нив“, а на родителите им порача да ги пратат децата на училиште.