Home Актуелно Училишен хорор во Шпанија: Ученик избоде тројца професори и двајца ученици

Училишен хорор во Шпанија: Ученик избоде тројца професори и двајца ученици

14-годишен ученик во Шпанија е уапсен бидејќи со нож избодел тројца професори и двајца ученици во средно училиште во Херез де ла Фронтера на југот на земјата. Полицијата соопшти дека се ранети неколку лица, но дека нема жртви, пренесува „Ројтерс“.

Шпанските медиуми јавуваат дека ученикот нападнал тројца професори и двајца ученици и дека повредите биле различни. Еден од наставниците бил прободен со нож во окото.

Се уште не е познат мотивот за нападот. Ученикот бил фатен на лице место со оружје што го поседувал и е приведен до завршување на истрагата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…