Ученици од Битола сечеле вени поради контроверзните игри „Момо“ и „Синиот кит“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Четворица основци од битолското основно училиште „Коле Канински“ се самоповредиле исекувајќи си ги своите како последица на предизвиците од шокантните и опасни интернет игри „Момо“ и „Синиот кит“.

Според информациите кои ги пренесува „Телевизија 24“, повикувајќи се на изјава на директорот на споменатото основно училиште, Зоран Мирчевски, бројот на битолски деца кои ги прифаќаат ваквите опасни предизвици е далеку поголем.

Според изјавата од директорот, немилите настани се случиле надвор од училишната зграда, а за тоа се информирани и МВР и родителите од децата. При вонредна проверка со полицијата откриен е и еден нож кај основец во тоа училиште. Дознаваме дека речиси во сите основни училишта во Битола, родителите се предупредени за опасната појава кај нивните деца.

Инаку од контроверзните онлајн игри „Синиот кит” неколку стотици деца во светот извршија самоубиство. Поновата игра – „Момо“, се распространува преку апликацијата „Ватсап“. Наменета е за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство.

Приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи. Децата откако ќе контактираат со Момо, добиваат серија предизвици, а доколку ги одбијат, следи казна и добиваат заканувачки и вознемирувачки телефонски пораки и фотографии.