Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гугл му помогна на еден ученик да се збогати, но не на начин на кој веднаш би помислиле.
Уругвајскиот ученик Езакиел Переира благодарение на Гугл за само некоку часа заработи 10.000 долари.
Переира успеал да ги заработи парите откако открил пропуст во серверите на Гугл, преку кој бил можен пристап до приватните податоци на корисниците.
Како што објасни Переира на својот блог, на 11 јули му било здодевно, па решил да пронајде некој баг на Гугл.
– Чепкав нешто по сајтот и наидов на зборот „Гугл конфиденшанл“ (Гугл доверливо). Веднаш ја пријавив грешката и за само неколку часа добив одговор, напиша Переира.
По неколку недели повторно го контактирале од Гугл и го информирале дека поради откриената грешка заработил 10.000 долари.
Переира, кој оваа година завшил средно училиште, на својот блог тврди дека досега со слични „откритија“ на пропости во интернет системите заработил 16.000 долари.