Ученик повреден кога наставник го раздвојувал од другарче со кое се карале


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ученик бил повреден во челото откако бил бутнат и при тоa се удрил во ѕидот од училницата во основното училиште Васил Главинов во Велес.

Мајката на седумгодишното дете вели дека наставникот го удрил детето во обид да го раздвои од другарче со кое се скарале, по што детето удрило во ѕид и си го повредило челото.

Директорката на училиштето вели дека случајот треба да се испита, и дека наставникот бил одговорен и совесен.