Учебната година е на прагот – родителите и јавноста поделени за начинот на кој ќе се изведува наставата и образовниот концепт


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Учениците ги делат само пет дена од стартот на учебната година, а родителите и јавноста се поделени околу начинот на спроведување на наставата како и програмата која ќе се изучува.

Ако лани се протестираше за да има настава со физичко присуство, сега дел од родителите бараат да продолжи он-лајн наставата.. Како аргумент ја наведуваат лошата епидемиолошка ситуација..

„Родителите ќе мора да поднесуваат медицински белешки за своите деца и за своите блиски. Ние бараме комплетно да е онлајн наставата за сите, зашто тоа е многу побезбедно, односно бараме да може родителот со само едно писмо до директорот да се обрати дека сака детето да му учи онлајн, притоа заобиколувајќи ги сите бирократски процедури, т.е. да нема немедицински и медицински причини туку само да се почитува желбата на родителот. Во спротивно, комплетната одговорност ќе ја има Владата заедно со Комисијата за заразни болести.“ истакна Ана Глигорова, „Поддршка за онлајн настава“

Според министерката за образование Царовска во интерес на учениците е да се вратат во училишните клупи. Уверува дека се е подготвено за успешен старт на учебната година.

„И УНИЦЕФ и ОЕЦД излегоа со став дека е значајно учениците да бидат во училница. Училиштата први се отвораат и последни се затвораат. Само така може да ги одржиме генерациите да очекуваме да бидат продуктивни граѓани. Секој изгубен ден е загубен за иднината на нашата држава.“ кажа Мила Царовска, министер за образование и наука

Освен околу начинот на настава, родителите се пдоелени и за најавите реформи со кои е предвидена дигитализација на учебниците.. Од граѓанската иницијатива Учебници и настава мора да има, се жалат дека никој не ги послушал нивните аргументи и се заканија со повторен бојкот на наставата..

„Надлежните остануваат глуви на наши барања. Ние како родители овде сме во знак на револт, без разлика каква ќе биде наставата, најавуваме едно сценарио: нашите деца нема да ги пуштиме да учат по овие програми, нема да учат содржини за кои не сме информирани и не сме дале согласнот.“ изјави Драгана Спасевска, „Учебници и настава мора да има“

Според новата концепција за основно образование, по нова програма и учебници годинава ќе учат децата од прво и четврто одделение..