Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ноќеска, вторник спроти среда, околу 2.15 часот во Велес убиен е полицаец А.Р кој со нож бил избоден до смрт. Убиство се случило во домот на неговата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница.
„Во 2.30 часот добивме повик за лице прободено со нож на улица Максим Горки број 190. Се работи за маж на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место веднаш и констатира насилна смрт, со прободување со нож во граден кош“, кажа д-р Василка Пановска, началник на Итната медицинска помош Велес.
Од велешката полиција соопштија дека уапсена е партнерката со која живеел убиениот под сомневање дека го сторила убиството.
„Утрово во 5 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23г) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на улица Максим Горки со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Бил извршен увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против П.И. ќе поднесат соодветна пријава.
Соседите не слушнале ништо ноќва, кога е сторено убиството.
„Ништо сомнително не слушнавме, не се случуваше ниту гужва, ниту повици за помош. Тој беше полицаец, живееа заедно 4-5 години, но не беа во брак. Таа работеше во ‘Дрекселмаер‘. Тој живеел во месноста Шорка и ова му била трета жена. Ја малтретираше. Пред некој ден купија санитарија за купатило, по три дена истата беше фрлена во двор и искршена. И децата од маало му пречеа“, велат соседите.