Убиство во тетовско Мала Речица


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Синоќа околу 22 часот и 30 минути во куќа на улица Љуботенска во тетовска Мала Речица, 53 годишен тетовец, со огнено оружје пиштол смртно ја застрелал својата една година помлада сопруга, а потоа го напуштил објектот и заминал во непознат правец.

Во тек е увид на местото на убиството, кое го води јавен обвинител, а учествува и екипа на СВР Тетово. Службите се на терен и преземаат интензивни активности за пронапѓање на убиецот и лишење од слобода, велат за ТВ 21 од СВР Тетово.

Ова се првични информации, увидот на местото на убиството е во тек. Повеќе информации од СВР Тетово најавуваат за во текот на утрешниот ден.