Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Синоќа, во близина на Клиничкиот центар во Скопје, син го убил својот татко со нож.
Полициски извори велат дека меѓусебната расправија кулминирала кога синот извадил нож и го заклал татко си. 55-годишниот маж се обидел да побара помош и тргнал кон Клиничкиот центар но веројатно поради обилното крварење не успеал да стигне до докторите.
Неофицијално и таткото и синот живееле во непосредна близина на Клиничкиот центар, а според истите, неофицијални информации тие подолг период имале меѓусебни расправии кои често ескалирале со насилство.
Извори од МВР велат дека убиецот е веќе приведен и се преземаат мерки за утврдување на мотивите.
Од МВР се уште нема официјална потврда за овој случај, но очевидци велат дека делот околу Клиничкиот центар е под засилено полициски обезбедување.