Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американско семејство од тројца возрасни и пет деца е пронајдено убиено во куќа во американската сојузна држава Јута, јавува Си-ен-ен.
Полицијата дошла да ја провери куќата во Енох Сити и ги нашла телата застрелани. Официјалните лица не кажаа кога се случиле смртните случаи или што довело до пукањето. Тие не прецизираа ниту во каква врска биле членовите на семејството. Истрагата е сè уште активна. Месната заедница жали за смртта на семејството.
„Тешко е да се искажат со зборови емоциите што минуваат низ луѓето што живеат овде. Сите го знаеме ова семејство. Многумина од нас служеа со нив во црквата и во заедницата. Ја чувствуваме загубата и болката. Луѓето имаат многу прашања и се тука да понудат поддршка“, рече менаџерот на градот Роб Дотсон.
Ќе биде потребно време да се утврди што се случило во куќата. Истражителите од Енох Сити и Сидар Сити работат заедно за да најдат одговори.
„Нашето срце е со сите оние кои се погодени од ова бесмислено насилство. Ве молиме да ја задржите заедницата Енох во вашите молитви“,
рече гувернерот на Јута, Спенсер Кокс.