Убиствениот нагон на Закерберг – фетиш му било лично да ги убива животните кои ги јаде


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во последното интервју кое еден од основачите на популарниот Твитер, Џек Дорси, го имаше за Rolling Stone, една негова изјава повторно го фокусираше цел гнев од популацијата на социјалните мрежи и јавноста генерално врз основачот на Фејсбук, Марк Закерберг.

Дорси ја шокираше јавноста раскажувајќи за една ситуација во која Закерберг, кој го поканил на вечера, пред него убил коза, која потоа била послужена како главно јадење на вечерата.

„Ја уби козата со ласерски пиштол, а потоа со нож. Тогаш ја прати на месарот“, вели Дорси.

За ласерскиот пиштол што Закерберг го користел, Дорси мисли дека служел за зашеметување на козата.

„Одиме да ја јадеме козата која ја убивте?“, го прашав, на што тој потврдно ми одговори. Тогаш го прашав дали некогаш јадел коза, а тој рече дека јадел и дека многу му се допаднало, прераскажува Дорси. Кога го прашал каде е козата, Закерберг рекол во рерна.

Дорси вели дека чекале околу половина час козата да се пече во рерна, по што Закерберг рекол дека месото е готово.

„Отидовме во трпезаријата. Го стави месото на маса. Беше студено“, вели Дорси. „Не знам дал месото потоа го врати во рерна, јас ја изедов само салатата“.

По интервјуто од Дорси, Закерберг беше нападнат на интернет поради својата „суровост“.