Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонската јавност жестоко реагира на социјалните мрежи поради неколку различни процеси. Се добива впечаток дека државата некого штити повеќе, а некого помалку, особено ако се знае дека напаѓачите на пратеникот Села добија од 10.5 до 13.5-годишни казни, а вмешаните во тепачката пред седиштето на ДУИ која заврши со убиство добија по само 4 месеци затворска казна. Сето тоа кулминираше кога се дозна дека убијците на Никола Саздовски Саздо всушност се гонат за дело „насилство“, а не за убиство.
Наместо полицијата, Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) ќе одлучи за кое кривично дело ќе одговараат напаѓачите што до смрт го претепаа членот на навивачката група „Комити“ Никола Саздовски. Ваквиот тек на случајот доаѓа по кривичната пријава што МВР ја поднесе до ОЈО Скопје според која напаѓачите требаше да одговараат за кривично дело „Насилство“, наместо нанесување тешка телесна повреда или обид за убиство, бидејќи момчето веднаш беше однесено во болница во коматозна состојба.
„Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против тројца осомничени сите од Скопје. По преземените мерки, прво и второпријавениот веќе се во притвор. Ќе замолам да не гледате етничка позадина, која многу често се користеше во минатото. Насилникот е насилник, ќе одговара, постојат закони, правната држава функционира“, рече портпаролот на МВР Ангеловски.
Тој информираше дека целокупниот доказен материјал е предаден на надлежното Основно Јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје).
Со тоа, велат од МВР нивната работа е завршена и дека сега обвинителството е тоа кое треба да го преквалификува кривичното дело со оглед на тоа што во овој случај, насилството, (кривично дело за кое МВР поднесе кривична пријава) е проследено со смртна последица. Од полицијата уште велат дека тие би се вклучиле дополнително само доколку обвинителството тоа го побара од нив.
Инаку, на социјалните мрежи врие. На ФБ-страницата на навивачката група „Комити“ од Кисела Вода, чиј член беше Никола, медиумите и полицијата беа обвинети дека го премолчуваат случајот. За Саздовски, покрај ударите со шипки, кобно било паѓањето на тротоарот, каде што најверојатно удрил со главата. Кога се случи немилиот настан дури и во билтенот на МВР беше наведено дека се шират „лажни вести“ за Никола Саздовски, а истото беше наведено и во некои провладини портали.