Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако го убија и распараа шест метри долгиот крокодил кој пливаше недалеку од брегот, насобраните на плантажата за производство на палмино мсло во Калимантно, во индонезискиот дел на Борнео, ги дочека мачна и грозна глетка.
Во утробата од предаторот пронјдоа човечка рака и нога, поради што се сомневаат дека екстремитетите му припаѓаат на 36-годишниот работник на плантажата, Анди Асо Еранг, кој исченал два дена претходно.
На брегот беа најдени неговите сандали и велосипед. Дополнително беше најдено и неговото тело во реката, но му недостигаа екстремитетите.
„Во стомакот од крокодилот најдовме лева рака и нога з кои веруваме дека припаѓале на жртвата“, вели шефот на локалната полоција, Теди Ристиаван.
Сопругата на несреќниот работник изјави дека тој заминал во лов на школки за ручек, а очигледно при ловот тој бил уловен од страна на крокодилот.