Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Секторот за внатрешни работи Скопје денеска поднесе кривична пријава против С.Х. кој пред неколку недели со секира ладнокрвно го уби маалскиот миленик, кучето Идриз во центарот на градот пред кафуле полно со луѓе.
Кривичната пријава е поднесена за кривично дело „мачење на животни“
На 29.04.2017 година во 18.30 часот на улица Пиринска во близина на угостителски објект С.Х. од дворот на семејниот дом земал мала секира и метална шипка излегол надвор и откако го забележал, му се доближил на кучето и му задал еден удар со секира и повеќе удари со метална пречка во пределот на главата и од ударите го повредил кучето, го изложил на непотребни маки и нанесени болки кои резултирале со последица смрт, пишува во билтенот на МВР.